затопли св.

затопли (св.)

Невестата Менка ја затопли тавата на огнот, го зеде ѓумот и леанот, им тури вода на рацете и ја кладе софрата да повечераат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чувствувам дека ми се затоплува.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Околу Мученици се пораспарталија облаците и се прозаби небото за да може да се пробие некој и друг зрак од пролетното сонце. Му се израдуваа тие што останаа живи и излегоа крај ѕидиштата да ги затоплат измрзнатите коски и да ја поискашлаат кашлицата што ги нападна уште пред два три месеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мораше да се потрчува за да се затопли човек додека гледа во таблите, во многубројните табли, поставени на перониоте на кои е испишан возниот ред, на кои патниците го бараа „својот“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За да се ослободат од мразот на раните, студени утра (боже, росата како знаела да каса), - долго правеа една глупава фискултура, сеедно цупкаа по земја, едно-две, лева-десна, горе-долу - на тој начин колку-толку затоплувајќи си ја душата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Некаде околу петнаесетти април времето, затопли.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
— Вака и вака, вели и ми го зема лончето за чај, ме води кај цевките за парно затоплување, прескокаме преку жените.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ ни е затоплено и во зборовите и во срцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се втасуваме така со гласовите, си ги затоплуваме ќелиите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе затоплеше, најмалата, тета Дитка го изнесуваше телевизорот на западниот балкон, ќе го наместеше во насока на зајдисонцето и наметнувајќи се со ќебе, се впиваше во волшебниот екран.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Чинам дека кога сината точка што веќе ширејќи се наидува кон мене, кога ќе увиди каков уништувачки страв доживувам, ќе ми се смилува, ќе застане недообличена во она што ми го носи и , или ќе го смени правецот, или во себе ќе пројави некаква белина од чија пријатност ќе се затоплам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Чана ги пресоблече внучињата на Петра, зад себе во ќошот ги стави врзаните кокошки кои ни претаа ни кокодакаа, Добра го затопли Ленчето, а мажот ѝ ги собра мокрите алишта од внучињата на Петра и од Ленче и појде крај огнот да ги суши.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Затоплена од крупната снага на Вангела, Милка се пресели во еден убав сон негде сосема на друго место каде што грее сонце и подувнува ветре, ветрето ѝ го развева нејзиното прво фустанче.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
V. Зимското сонце кое осветлува, но не затоплува, се движеше полека означувајќи го зреењето на денот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не беше многу доцна, но родителите ги имаа облечено братот и сестрата во пижами и сите седеа во собата на долниот кат, затоа што само таа беше затоплена.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Да ти се плукнам во тоа глобалното затоплување“ промрморе, демонстративно напуштајќи ја сцената на неуспешното самоубиство.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И станувам усвитен камен Метеор желен за Мајката Земја Со благ допир Го отворам просторот За глобално затоплување Во собата полна со гости Од жарот пишти змија
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Како да играме за публиката која ѕемне, која масовно ги напушта салоните откако ќе заклучи дека не се затоплени?“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)