затишие ср.

затишие (ср.)

Се заврши сеидбата и настана мало затишие на метохот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затишие ли пред бура? Збунетост на сцената. Неми погледи. Исчекување.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа јас добро го видов на фронтот: додека траеше затишјето меѓу нас и непријателот, тие рикаа во шумите, се давеа меѓу себе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И не ме оставаат, нема затишје.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше затишје од борбата, не знам и јас како беше, и еве го Никифор Абазовски кај мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во некој момент сигурно забележала, застанала молкум да ме набљудува како и самата нешто да очекува; веќе беше невозможно да не ме издаде напорот да го продолжам тоа затишје, да не го прифатам тоа пак да се вратат наспроти Мари-Клод, против Мари-Клод која не можеше да разбере, која молчешкум ме гледаше исчекувајќи; да се пие и пуши и да се зборува со неа, за до последниот момент да се одбрани слаткиот интеррегнум без пајаците; да се запознае нејзиниот едноставен живот работа-дома и сестра студентка и алергиите; да се сака, така да се посакува тој црн прамен што ѝ го чешла челото, да се сака таа како цел, како стварно последна станица на последниот метро во животот, а тогаш - бунар, тоа растојание од мојот стол до онаа клупа каде што можевме да се љубиме, кадешто мојата уста можеше да го испие првиот мирис на Мари-Клод пред во прегратка да ја однесам до нејзината куќа, пред да се качиме низ оние нејзини скали и најпосле соблекувајќи ја од себе толкавата облека и толкавото чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Пишуваше, како во денови на затишје на фронтот, при врвење низ селато, некаде ќе чуел гајда и срцето му се штрекнувало, му се возбудувало; ќе застанел да слуша, а душата му се исполнувала со милина, со радост, но и со тага.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По овој непријатен настан што се одвиваше пред вратата на тоалетот настапи затишје во кое единствено се издвојуваа нервозните чекори на тетка ми која патролираше низ ходникот, веројатно, како што претпоставив, чекајќи ги децата да излезат од тоалет за да исчисти по нив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Да резимирам: Врти сучи една недела легачиш. Понатаму до кај дваесети мај има мало затишје пред бура.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Под ниските и густи прашуми кајшто од сонцето пристига припекот од ветерот затишјето а светлоста блуди панично како неуслишен порив.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Од тие причини во дотогашниот успешен развој на борбата во 1941 и почетните месеци на 1942 и во работата на партиската организација во делот на Македонија под Бугарија настапило затишје.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ме нервира секое мало затишје. Опасно е да бидам смирена.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Беше сосема сигурна дека ова е само затишје пред некоја голема бура.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Само требаше да ги повлечат чкрапалата и привидното затишје да се претвори во канонада, рововската борба да се претвори во судир гради во гради.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По краткото затишје астматичните напади кај Томо повторно се зачестија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)