заталка (св.)
А погледот им остануваше постојано заталкан и на самата граница на изгубеноста во тоа разресено и ниско стежнато небо, кое изгледаше исто како над шумата да беше налегнат некој со години нестриган овен со своето руно, под кое беше исто онака топло и заглушно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Заталкаа по темницата на чардакот, набараа некои снопови, ја најдоа вратата и влегоа во плевна полна слама.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ама какво ќе е тоа машко дете: топка да не игра, да не се испоти, да не се напие вода кога му се пие, да не се тепа со децата од другата зграда, никогаш да не заталка со другарите, никогаш да не направи никаква беља - и уште колку пати сѐ некакви - не... не... не...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тука сме веќе на тлото на најтемната и најзаобиколна топологија, заталкани поради неизвесноста на одредиштето: ми се причини прикладно тоа да го наречам заблуденост (destinerrance) или притајување (clandestination).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во такви услови, правењето на културно списание кое држи до некаква си компатибилност со светските културни случувања, и кое не е само одвратна локална збирштина на паланечки трубадури што така, будалесто безглаво, ќе заталкаат и во 21 век од своите деветнаесетовековни собички на еден елегичен националромантизам - е прилично деликатна работа која бара барем толку идеализам и романтизам колку што имало во вистинскиот 19 век, кога публиката (на Маларме, на пример) се броела на прстите од рацете. 4 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Се плашев да не заталкам. Ама убаво ми објаснивте: автобусот број 5 или 15 и право пред училиштето.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Така ќе заталкаш меѓу облаците.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Иако за него се грижеше Митра, баба му, откако се преселија во една од долгите бараки, инаку штали порано, Дончо уште првите денови заталка низ Острово, откри дека ако се оди на онаа страна каде што изгрева сонцето се стигнува до една огромна огромна вода што изгледа како сиво платно на кое не му се гледа ни почеток ни крај ама некој од кај сонцето како да го влечи влечи и се потсетува дека од Митра е предупреден да не се приближува до каналот оти и во плитка вода човек можел да се удави, башка што змија може да ти се замота околу нозете или крастава зелена жаба да ти скокне в уста, ама за оваа огромна вода никој ништо не му рекол и по долгото клечење крај неа заклучи дека ова не треба никому да го кажува, да си ја чува како тајна само негова и тргна по патчето крај неа совладувајќи некои грмушки, некои корења, надолу надолу дури до онде каде што таа голема вода се сретнуваше со една малечка рекичка покриена со врби и кој ти знае уште со какви дрвја, водата од малата рекичка бистра па се гледаше сѐ под неа и сакајќи да помине преку неа за да го следи брегот на големата вода откри дека почна да му се качува до кај колената и се сети на предупредувањето од Митра дека можеби ова е каналот и дека во плитка вода човек може лесно да се удави па се подврати, е, кога веќе го нема човекот што го трга сивото платно, поарно е да го фати ова патче што оди нагоре покрај малата рекичка следен од крекање на жаби и чрчорења на секакви птици горе во дрвјата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
А ти непроголтана од мене само можеш да се увредиш од мојата непочит, па да заталкаш некаде на друго место при послаби...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
А тужителите целосно му ја препуштија одговорноста за водење на парницата на својот адвокат (Ивановска) – па предметот 18 месеци беше заталкан во фамозните судски лавиринти, а се помрдна од „мртва точка“ дури по поднесената ургенција до судот, по што истиот експресно беше пронајден и беше назначен нов судски совет.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Гледан отстрана, неговиот бел и смело извиткан лак изгледаше секогаш одвоен и секогаш сам, а го изненадуваше патникот како необична мисла, заталкана и фатена во карпите и во дивината.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Девојката, која едно пладне сосема случајно заталка во муабетот на четворицата стари другари, пред да папса од здодевнст, мигум осозна зошто на времето Фелини снимал такви филмови.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
И одеднаш - се гледам насон сум заталкала во густ капинарник.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)