засуче св.

засуче (св.)

Мислеше на тоа и на сите движења, што требаше да бидат сторени секавично, а сето време не престануваше да ја држи пушката насочена кон онаа карпа, постојано свесен дека неговата миризба, што се искончуваше по белото пространство пред него еднаш ќе се засуче како фитил и сега, или во следниот миг, таа ќе стаса да се вотне до задреманата свест на ситиот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во зачекореноста пред очите му се спушташе една штипкава темница и од неа ќе прснеше по еден од оние сини кругови и ќе се засучеше за да изгине пак некаде скраја од погледот, зад него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стрчувам и од легалото му го земам јајцето. Ја засукувам скутината, го клавам јајцето в скутина, и трчам кај Доксима Тренчески. На меана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Еда, и жени ѓибале, вели Давиде Недолетниот, еда в пазува, под фустан, вели, еда ќе ти го засучи фустанот, и, еда, ќе те кутне, вели. - Да те кутне тебе кутурата, вели Јаглика Тренческа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја засукувам ногавицата: раната повторно проработила. Остеомиелитисот. Се цеди сукрвица од садното, џглиботи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакам да ја засучам ногавицата, ама ногата, гледам, ми избегала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе го изигра задолжителниот ,казачок" и на крајот ќе ја засучи ногавицата за да му го видиме дрвото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со денови шета сам дење долж пресушеното корито на реката ноќе низ пустината во себе и утринава тој се собува, ги засукува ногавиците, зацапува во празното корито, го собира камењето, го корне билјето, го зачистува дното; што се случило, сам се прашува, кај исчезна водата...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
- И сватот немаше, па си умре, - одговори тој, засукувајќи го ракавот од левата рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сребрената жица од милост и добрина, му се завиткуваше полека околу гушата, и колку тој повеќе наоѓаше оправдување за секоја мана на луѓето, и колку полесно им проштеваше, толку жицата сѐ повеќе се засукуваше и сѐ поблизу му се стегаше околу гркланот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)