засркне св.

засркне (св.)

Една мала, топчеста бригадирка, преврзана со бела шамија, кога усети дека ја блисна студена вода и и’ се разлеа по градите, цикна преплашено и го испушти чанчето на земја; Мече се засркна од смеа, а после нацрпи во црпалото пак вода и уште неколку пати ја плисна бригадирката, која што беспомошно се обидуваше да се одбрани со раце: – На, сакаш уште!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Аух, аух! - свика со засркнат здив. - Се сневиде сѐ!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Немој мори, Велико, немој сестрице, ми вели, што е тоа што работиш, вели, зар и ти треба да се отепаш, вели, нека ти се живи другите, вели, имаш и други деца за гледање, вели, зар сакаш сираци да ги оставиш, вели. И плаче. Се засркнува од солзите. 62
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Замижувам и шмркнувам од дланката ракија. Се заскрнувам, и се потстемнува и само модреам, зеленеам, побелувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш се чу едно засркнато кашлање: кав, кав, ќув, кив, уф, црквата се одѕива, се тресе. Се затресе и народот. Се залелеа небаре закланцана вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И штом помислив така, се почувствував мал, зашто одеднаш пред мене чиниш се појави таа и ме гледа со своите големи сини , тивки и насолзени очи; ја чувствував топлината и горчината на мајкините солзи. Многумина како мене свртеа глави и многумина како мене се засркнаа од липање.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А можеби се засркна од дождот, си велам, можеби премногу дожд му влезе в уста?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се засркнам, не можам да завршам. „Девојките од Сиера Морена...“ не давај се, Небеска, си велам, а вилиците ми се тресат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И таа се засркнува од смеењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ха, ха, ха, - почна гласно да се смее татко ми. Дури и се засркна од смеење.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се слушнало само некакво суво дишење, болно и испрекинато, човекот можеби се засркнувал, додека и другите околу него не почнале да дишат како и тој, претсмртнички или пијано, потоа тој Јане Крстин офнал и се занел на една страна, тогаш кога сите знаеле дека од негде некој стрелал кон нив, кон сета толпа, сеедно во чие месо ќе се забие оловото од бездруго долгата арамиска, беговска или измеќарска пушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отец Иларион се засркна од виното и почна да напиња на образите, да црвенее. Рече налутено: - Вие, полковниче, ја исмејувате христијанската религија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Сакаш ли да го сторам она? се засркнал од чад на свој оган. - Како Арсо, гнасно, вепарски. Сакаш, нели?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во кркорењето се засркнал со кучешка кашлица и станал беспомошно загледан во трепетливото небо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Толку се засркна што во еден момент си ја кладе и дланката на устата, но и покрај оваа мерка на претпазливост од неговата исушена дланка како да се измолкнаа крупни парченца смеа и се истураа по килимот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Одеднаш, како удрена од ровја среде бел ден, Маре застана како што одеше, се сепна, се штрекна, се засркна и се шлакна по челото: - Леле, колку зборови изреков, а ништо не кажав!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Што!? Мене ли ми зборуваш на тој ... - се засркна човекот и исплука - на тој ѓупски јазик?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Њ бездруго ќе оздравеше да не се засркнеше од последната лажица.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- А целината, ти можеш да се смееш до засркнување - вели Борко - но токму таа целина потсетува на Ана.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Господине, се јавуваме од Градска болница. Жал ни е што ќе мора да Ве известиме... Вашата цимерка... мртва е... несреќа... несреќен случај... наполитанка... се засркнала... се задавила... примете сочувство...
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Повеќе