заснован (прид.)
Значи, Турците од нас направија народ „каурски” и „рајатски”, термини засновани врз нашата пониженост пред Турците, врз религиозната разлика помеѓу нас и нив и врз нашата општествена положба.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
151. Спротиставеноста помеѓу македонскиот владетел Марко и српскиот кнез Лазар Хребелјановиќ /1329-1389/ е заснована главно врз различната позиција и практичната политика на двајцава владетели: додека Марко беше турски вазал, Лазар беше независен владетел што им се спротивстави на Турците, па следствено и против Марка.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако се прифати на вид оти таа заедничка историска судбина, тие заеднички политички борби и самостојниот политички живот е судбина на едно исто словенско население и на еден и исти народ, тогаш ќе биде јасно оти тврдењето дека Македонија не составувала географска, етнографска и историска целина е засновано не врз реалноста туку на српските сметки за Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Многу штета е направена од теориите кои нудат многу комплексни, психолошки засновани анализи, со термини речиси сосема неразбирливи за просечен човек.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ова движење за индивидуална слобода е ново за човековата историја бидејќи не е засновано на географија, политика, класи, или религија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тој пишуваше фикција заснована на теологии и филозофии, литература заснована на литература.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Никаков, освен еден кус поглед и една единствена двосмислена забелешка: освен тоа не постоеше ништо друго, туку само неговите сопствени тајни надежи засновани на еден сон.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Потоа, во 1997, беше пропишано дека критериум 25. Според чл. 18, ст. 2 од УРМ (1991): „На граѓаните им се гарантира заштита од повреда на личниот интегритет што произлегува од регистрирањето на информации за нив преку обработка на податоците“; според чл. 25 од УРМ: „На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот“; а, пак, според чл. 50 од УРМ: „Секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на РМ, во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Потоа во ст. 3 од чл. 3 на Законот изречно се забранува дискриминацијата, како и вознемирувањето и сексуалното вознемирување врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор во областите на вработувањето и трудот, образованието, науката и спортот, социјалната сигурност, вклучувајќи го и подрачјето на социјалната заштита, пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување и здравствената заштита, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, информатичко-комуникациските технологии, одбраната и безбедноста, членувањето и дејствувањето во синдикални организации, политички партии, здруженија на граѓани и фондации, други организации засновани на членство, културата и други области определени со овој или со друг закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)