заслужен (прид.)
Од секоја свадба, каде што оди сводник, добива по едно рало чевли, и тоа некаде со голема пот заслужени, а овде ќе оди на готова работа, колку „нишан таши“, да не се рече оти зетот сам сводник си бил, што нема да биде лага.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нему, да признаеме, не му беше лесно: за него сега немаше ни селски празници, ни излегувања на сретсело како некогаш; мораше да седи дома плашејќи се од заслужената одмазада од луѓето кои, ако не друго, сигурно безмилосно ќе го мајтапеа онака како што умеат само селани.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Погребан е во Алејата на заслужните граѓани на градските гробшита во главниот град на нашата република.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Арсо сега седи до татка си покрај софрата, чест која се прави само на заслужните и пораснатите луѓе.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тој не ора, не копа, не жние, не врши. Него бегот не може да го псуе на вера и закон, не може да го продаде како другите чифчии, но сепак може да му удри некој и друг дипшик, да го измаскари и да го напади предвреме без да му ја исплати заслужената руга.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тоа е убаво и потребно. Тоа е заслужено признание.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Имено, Арслан бег, кој беше заслужен воин и кому, како на таков, според турските закони, му беше ветен чифлиг некаде во Битолско, не сакаше да се исели од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Работеле со сила на ветар што не трпи пречки и, со малку полесна и почиста облека од онаа во која дошле од Кукулино, јаделе полека и со почит кон заслужениот леб.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Смета дека конечно ја добива заслужената казна затоа што го „напуштила“ семејството толку години порано, кога било полно со проблеми и му требало помош.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во последнава деценија настана значајна регресија бидејќи силите од десното крило се обидоа да ги присвојат овие заслужени социјални и политички победи.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Панов заслужен за снимањата во Њујорк и секако за делови од музиката во филмот).
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Спиј, ќерко вселенска, сонувај заслужено.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Коница и Ноли беа во голема мера заслужни за создавање на албанската држава во 1912 година.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Дедо Мраз е најзаслужниот бесмртник – времепловец.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Публиката е одбрана според строги критериуми: проверени партиски кадри, заслужени уметници, странски гости.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се најдоа и оркестри, на заслужени уметници, да ја стимулираат градбата, да го извишуваат моралот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татко ми и мајка ми, која го следеше во животот како сенка, подгрбавена сенка од работа и од послушност, беа погребани на гробиштата Фицрој, спроти водите на големиот Пацифик, како не многу заслужни, но трудољубиви новодојденци.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Нема поголема неправда од таа: заслужено да очекуваш сочувство а да наидеш на рамнодушност па дури и на злоба.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
За она што го роди нејзината слабост не беше заслужна таа.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)