заслади (св.)
Ама, она од џуџето, за чудо, многу ми се заслади.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Јордан Шоп го распрета огнот и стави врз жарот располовена тиква - оскрбен е, му горчи душата, ќе се засладува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го нашол медот. Се засладил, закрепнал.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Особено млеко и чај од лековити билки, засладен со мед.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- Оф, – свика Грофот и потскокна од столот - очекуваш благото да те заслади а горчливото те снашло!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Инаку, ви испраќам малку бомбони да се засладите и едно ново кафе: кафето е од таму кај вас во Европа - од Швајцарија. Не знам дали го има во Македонија.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Знаеше да си ја заслади душата со секакви слатки.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)