заскитан прид.

заскитан (прид.)

Бесцелно заскитаниот поглед се запира на сликата во златна бронза.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еден таков заскитан далечен гостин можеше да биде и гладен; тоа беше сѐ, што можеше со сигурност да се претпостави.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше и едно заскитано крајче од мислата за тврдата удина, што можеше да му ја донесе оној самјак вчера, просто го имаше нејзиниот вкус, кога ќе се испече едно доста големо крваво парче, делнато од неа и посолено, веднаш на жарот, така што солта да потплуснува додека го печеш, но сега веќе немаше сили, а ни желба, за да продолжи да се губи во тие сонувања и глодања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
и тука, слично на овие птици, крештеле, врескале, пискале, југале, фаќале заскитани добичиња ноќе, ги молзеле, им ја пиеле крвта, играле оро околу нив земајќи им го умот, се пикале во оџаците и гнетеле крпи за да им чади на луѓето; тука луѓето сега, на тие трски и шевари, после секој погреб фрлаат од умрениот: кошула, чорапи, капа, антерија, риза, убрус, скутник, шалче, шамија - за покус, за да не повлече умрениот и друг по него од куќата;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во колата седеше и Илко, татко му на Мил, кој се враќаше од свет во кој долги години беше заскитан.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Како во облаците молњите, коњите Небесни, разџилитени, заскитани секавици, Разлетани жар-птици, пламеници.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Таткото убиен од заскитан куршум, мајката меѓи бегалците на Кипар, братот си игра смртоносна криенка со бејрутските урнатини, тој, без пари, кај некои зловолни роднини кои отворено му велат дека е паразит – што му преостанува, освен да си оди?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Заскитаната желка ползи по асфалтот. Праисториското животинче, што ги минало мочурливите сништа, пајажините, менливите гробници, неминовно го пречекува смртоносниот метал на четири тркала.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во тоа време гравитиравме околу Галерија 7 - која беше главно собиралиште на сите анархисти, параноици, SF-фрикови, луди поети, софистицирани криминалци, дегенерирани академци, филозофични еснафи, локални мутанти, несфатени педери и лезбејки, дрогераши, идни министри, префинети заводнички, евтини проститутки, агенти на CIA, опозициони заговорници, шизофрени мистици, подздебелени циници, фантомизирани кавгаџии, трговци на ситно, дилери со дрога, забегани научници, еротизирани тинејџерки, егоцентрични рокери и турбулентни панкери, кодоши на Удба, просјаци и по некоја заскитана кокошка од соседниот двор. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 24
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Маслините во канти; по патот мечтаат бели олеандри никогаш одовде мој морето шета заскитан танкер. Солун, со каков глас!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Козаци во долги црни долами заскитани по рѓосаните штипски ридишта танцуваа смртни игри врз испотените плеќи на неоседланите коњи Но не од радост И не од среќа И тоа е пијанство.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нели таму бевме заскитани во разговорот?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Петре го беше сретнал (едно заскитано пладне) Ивана, соселанец, редок повратник од Нов Зеланд.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бев малку заскитан. Или, ајде да го употребиме вистинскиот збор, се чувствував загубен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Гледав како на фатените туѓи гулаби, заскитани во неговиот гулабарник, им ги поткаструва крилата, за да не летаат додека не привикнат на новата средина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Знам дека може да ви изгледа чудно - реков - но при сегашнава раздалеченост од сите тие разговори можам да тврдам дека средбите со замислените татковци не се остворуваа само во тие случаи кога не ќе го совладавма пределот на она магливо заскитано време што секогаш талкаше помеѓу мене и нив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
3. Пено на загубениот простор На заскитаната планина по далечните врвои На детската возбуда пред тајната на плодот што узрева.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Заскитани светлини по ноќни патеки Во предградијата на реченицата.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Раката патува низ чад како заскитана реч е не ќе се врати за нова молитва.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Повеќе