заседа (ж.)
-Не сум будала, - рече. – Ја ако ми имаше наместено заседа!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Првиот план им беше овој: да му направат на Мартина заседа и, кога ќе го фатат да го претепаат.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Не, шумеше крвта. Се лажеш. Јас без темнина во тебе. Се притајував, демнев од заседа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Не сакам сега уште еднаш лагата да ме пречека од заседа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Заседата на ноќта го улови неочекуваното, го стисна в стапица, изгубен и недооформен за судрување го покри со влага, сам пред смрт, без сведоци, во таа ноќ кога сите оџаци кобно згрчени над него како зли богови, како птици што ја чекаат својата жртва.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Не стебла - карпи од неплодна земја, три лути заседи, синови туѓи на туѓинецот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Не отиде далеку. Овчарите го знаеја тоа и се приготвија да ѝ постават заседа недалеку од трлата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А кога денес разбра дека одам в град, ме пречека од заседа. Пукаше - промаши.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Температурата на животот топеше еден студен, дотогаш непробоен оклоп а тој плашејќи се да биде разголен до дно поставуваше примки. „Јано“, рече. „Тој професор за кого ти расправав чека сега луѓе во заседа и ги моли да пијат со него.“ „Ти не пиеш.“ Дали е возможно, мислеше. Дали е возможно.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Навреме пресмета и навреме беше в заседа: кога врз меката светлина на театарската испразнетост легна сонлива тага, тој беше в сенка и самиот сенка, темна и непривлечна закрпа на ноќта, па се насмевна кога се сети на смоларите и нивните копнежи по врело месо...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Турците, што беа во заседа, скриени во суводолицата покрај ливадите, отворија на него оган; сега кога видоа дека тој бега и ја наближува шумата, скокнаа од местата и со пукање и викање се спуштија да го гонат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се заврте, Отец Симеон и не стигна да замавне. „Курвино семе“, рече фатен во заседата на својата крв. „Курвино семе.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Под неговата закрила Глигор итро ги избегнува заседите и преследувањата на пустинската полиција.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нагазивме на бугарска заседа. Некои фрлаат бомби и бегаат, ама и Бугарите не дошле тука за да садат пиперки.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А кога денес разбра дека одам в град, ме пречека од заседа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Заседите на претпоставките за непознатиот дел на неговиот живот демнеа од секоја куќа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На овој пат двапати нагазивме на заседи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе морам да ги известам ловџиите да ѝ наместат заседа.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
И тие како и војските, се напаѓаат кришум, подмолно, од заседа; се напаѓаат со опкружување или во редица; се напаѓаат молкум или со гракчеж што заглушува и паничи.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
По таа вест што ја донеле изѕемнати дрвари со големи шубари и со трпки под кожата, селаните попусто поставале заседи и острозаби стапици, најмногу по врвиците што се спровирале низ северната црногорица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)