засводен (прид.)
Поштарот не почука веднаш, постоја пред големата порта засводена со четвртасти подеднакви по димензии блокови делкан песочански камен.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Бреда ми зборуваше за вас“, рече додека ме воведуваше во осветлената, засводена ординација.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
1. Влегуваме во засводените со молк улици во одот твој се распознава суровоста на пронаоѓачот.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Не вознемирувајќи и невознемируван кај што лежев… Тревата долу – горе засводеното небо.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)