зародиш (м.)
Набргу во таа негова увиснатост почна да се раѓа и една своеглава непослушност на неговото тело, која не можеше да му помине незабележана ни во нејзиниот зародиш и од која сега можеше сѐ потешко да се бега.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Колку што во Париз доминира Ајфеловата кула, толку доминира и една од најстарите париски цркви - „Нотр-Дам“, која се наоѓа во зародишот на оваа метропола, во „Сите“, кое е обиколено од сите страни со Сена и затоа е одвоено од Париз, но со мостовите претставува една целина.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Видоа лекарите дека се работи за литопедија која во многу случаи се јавува кај жените кои зачнуваат вон материца, и тој скаменет зародиш го испратија во медицинскиот институт на проучување.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И колку таа го стегаше со коланот за да не е упадлив, тој при скокањето уште повеќе ѝ се испакнуваше, а чувствуваше како и зародишот игра во неа, ја клоца со нозете, мава, лутејќи се што го стега.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во долот каде сѐ уште царуваше темнината, одекнуваше завивањето на ветерот кој сакаше нема да ја растера од тука, истовремено известувајќи ги сите божји суштества, дека се случило долго очекуваното зло, но и дека зародишот на љубовта паралелно се случи.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Таа просторна минијатура
макета на маката
зародиш на замок
селестијален параграф!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Зарем не беше тоа зародишот на макијавелистичкото чувство дека во владеењето целта ги оправдува средствата!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Никогаш ја немав видено пустината, а пустината веќе одамна си го најде својот зародиш во мојава душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Меѓутоа, со текот на времето милетите ќе станат зародиш на новите држави нации, кои ќе го означат почетокот на крајот на Османската Империја и во силен налет во текот на XX век ќе ги уништат сите претпоставки за враќање кон старите вредности на можната христијанско- исламска синтеза.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Излегува дека нема посигурен начин да се сосече романса во зародиш.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)