зарасне (св.)
Тече и влече со себе сичко што стои пред неа, а на брегови животот чмае у троскот зараснат!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Во широкиот двор, зараснат со дива трева, беа затегнати јажиња.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Така повредената нога бидуваше зацврстена да не се движи, да не се мрда, за да може да зарасне.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А колку шо паметуам и едното уше ѝ е зараснато, та една обетка ногу и од машките носат како амалии, та и од таа страна работата е ујгун.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Раната од секирата зарасна, ама од лошиот збор што ми го рече, не зараснува!“ рекла мечката.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Под црногорицата луѓето се раѓаат тврдоглави и умираат такви, И не им останува друго туку или да научат да живеат заедно, во пријателство, или пред време, пред тоа да го стори природата според свои тајни закони, да отидат по ѓаволите, не еден по еден според предвиден ред туку сите наеднаш, Со еден крик од кој ќе се уриваат карпи, ќе пукаат глечери и ќе се отвораат зараснати вулкански рани.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Добитокот се подмладувал; крастите на шиите им зараснувале од треварски мелеми и од церовита топлина на човечка љубов.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И таму еден човек. Еден во вратот како бик, со едни ножишта како клади, зараснат во катран црна брада, се излежува во мојот мртовечки сандак што не бил сандак туку бил мојата смртна постела.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Но тој чудна ука ми кажа, ми ја преподаде уката на криењето тајни а украдени нешта, и јас видов дека срцето негово веќе сосема во пороци зараснало, како нива заборавена од Господа и рака човечка.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дворчето беше зараснато во диви растенија, а неколкуте јаболкници беа проредени со исушени гранки и заробени во сплет од скреби.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ќе мине време, раната ќе ти зарасне. Животот е посилен од сѐ.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Зимата му стана годишното време во кое заглави, а униформата - облеката во која зарасна.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сакаше да мине уште време, да не се гиба по нејзините рани, да се чека тие да зараснат, да се смири болката.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Те сакам“ – напиша на гипсот наместо потпис. Скршеницата на ногата ѝ зарасна.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Треба време, велат сите! Време требало да мине за да ги зарасне раните.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Продир самоуверено гризе до сржта на коските, а раната до смрт боли! Нема ниет да зарасне...
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Зараснуваше раната...ја гледав. Да зараснуваше! Болот стивнуваше...
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Не, не зараснува, ниту пак болот спласнува.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)