зарази св.
зараза ж.

зарази (св.)

Сте се исплашиле обајцата и сте се фатиле гуша за гуша, а тој викал: „Пушти ме, колера имам. Ќе те заразавм!“
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа можеше да биде опасно, да се заразат сите други говеда.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Набргу умре и кожарот Аврам Сујак кој се зарази преку кожите. Плачеа луѓето: - Ете што ни направи кметот...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но среќата ми била таква: се заразив од френѓус, од сифилис.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Идејата на индивидуалност што во шеесеттите ги зарази Американците дефинитивно се прошири низ светот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Социјализмот, теорија што се појави во почетокот на деветнаесеттиот век и претставуваше последна алка во синџирот на мислења што се протегаше назад сѐ до бунтовите на робовите во Античко време, сѐ уште беше сериозно заразен од утопизмот на минатите времиња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Да не си заразена од некоја тамошна страшна болест? – ја прашав и се преплашив од оваа можност.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти сакаш да ме заразиш. Само јас ќе се излечам. Со хиперманган.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во тој случај, тој ќе им плука во бунарите и сите ќе ги зарази со чума и сите тие во претсмртното стенкање ќе заборават на рајот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)