запршка ж.

запршка (ж.)

Ми се полнат ушите од штракањето на дрвените сметалки, го привикнувам носот на белите запршки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Јас не се сеќавам на ниту една манџа од кујната на нана ми, а сепак ден-денес го чувствувам мирисот на запршките.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во ниту еден наш театар нема кујна во која можеш да се насркаш топла манџа, ама скоро во сите се чувствува мирис на запршка.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ако мирисот на запршките е само плод на моите соништа, тогаш јас треба да сум среќен човек затоа што имам таква можност да го почувствувам мирисот на соништата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Погледнувам надвор – црна темница, густа ко запршка. „Гудбај френд“, му возвраќам.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)