запрепастувачки (прид.)
Цврсто вообличената филмска оркестрација проникната е со една богата барокна постапка со примери од европската наративна и ликовна традиција, со кои режисерот оперира како со некакви поединечности и варијации на трагата на еден запрепастувачки механизам.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Госпоѓата - госпоѓата Фина храна, госпоѓата Висока мода, госпоѓата Висока уваженост - знае дека со менувањето на своите конјуктиви кај водоинсталерот кој ја поправа чешмата ќе предизвика запрепастувачки стравопочит.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Монашки нишан:
сведоштвото на Лука Блажениот 29
„Има нишани што ги следиш
од рано детство
без да знаеш зошто:
- се будиш предзори
додека сосема не се повлекла
глувата сенка на ноќта
кога сѐ е разбиено на безброј дробни честички
сетен ситнеж кој подоцна ќе се склопи
во запрепастувачки складен
и топол мозаик, во фрески
по ѕидовите, по подот, на сводот
и сеќаваш
кревкото, кршливото
порозното, обезличеното
се преобразува во својата виша смисла
и ти се обзнанува:
ни еден слом не е алогичен!;
- тукушто си пркнал
уште дете, стануваш аскет
и заминуваш незнајно каде
само (посакуваш!) да биде тивко, молебно
створено и од природата, и од човека
за деноноќно бдение
за созерцание, вертикално понирање
на веда - од небеса до подземи
за живеење со жиг и жедба на монах
ни горе-ни долу
повеќе таму, одошто овде
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)