заповеднички (прид.)
- Отвори! – рече оној однадвор некако заповеднички.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Со сила што чувствуваше дека е непобедлива, со гордост на слободен и независен од никого, со право кое никој овде не можеше да му го оспори, тој се замеша во разговорот. Не се замеша, но просто заповеднички извика: — Доста од обете страни!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мајорот погледна во хартијата и, откако го прочита моето име и презиме, со заповеднички глас викна: - Војнику Харилае, врати се во стројот и верно служи и на татковината!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сакаше да рече, нешто заповеднички, но се воздржа, па Чанга продолжи: – Ги гледате ли, почитувани граѓани нашиве јадри чеда, со лица црвени како јаболко, наспроти вашите кревки, небаре недохранети градски деца.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Неговата подлактица, што беше без влакна и несмасна, се спружи преку полираниот махагони и со раката што беше искасана од пчели ја стави чашата под носот на Даниел, Даниел го истури вискито в уста и со јасно и заповедничко чкрипење ја стави празната чаша на масата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Строј се! - заори заповеднички глас. Се размрдаа, гледаат наоколу.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Јасно? Тука не дојдовте на седенки. Јасно?! - Неговиот глас прозвучи заповеднички и со тон на закана.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од време навреме допира остар заповеднички глас, коњско ’ржење и шлапање.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)