заповедник м.

заповедник (м.)

Мехмед со успех ги изведе сите тие борби, та Сулејман го прогласи за јаничарски ага, а тоа ќе рече заповедник на целиот јаничарски род војска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На Митровден, а може и порано, чекајте не со свршена работа. – Де да видиме што ќе излезе од ова – изусти беглербегот и се согласи со предлогот со аџиите, давајќи му упатства на заповедникот на аскерот да работи смислено, да не ги испушти случајно затворените бунтовници, та да плати со својата глава за нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— Браво, браво, а така де! — повикаа во еден глас сите тројца заповедници кога го видоа белото шамивче и зачекаа да се појават комитите на вратата и да се предадат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќе си ја земиш ли ти таа грижа со твоите Анадолци да ја свршиш уште таа работа? — го праша Дургут Бахтијара, што требаше во исто време да значи и заповед за акција, бидејќи Дургут беше главен заповедник на сите овие вооружани сили.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бимбашијата ја виде оваа од Бахтијара и двајцата заповедници се ставија во „Липје" и го утврдија планот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си изгледаше храбар и силен, и залудно досега потурнат и покорен, и бидејќи за ништо изгубил толку време, куц-куц, ни едно, ни две, туку се упати право кон софрата околу која седеа мутесарифот Абдула-бег, двајцата кадии и мулата, диздарот и неговиот кетхуда, ама и алајбегот, заповедникот на спахиите, па направи брзо темане, и на зачуденост на сите, без покана седна до нив на сеџадето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој, „штедриот и милостивиот Мустафа-бег”, како што стоеше во документот, „пред светлото и чисто шеријатско заседание, го изведе тужениот брат Иса-бег, гордоста меѓу заповедниците, сопственикот на големи знаења, мајданот на милоста, гордоста на државата и верата, и против него кажа дека целата задужбина, имаретот и медресата, и двата амама, селаните и книгите, зградите, нивите и бавчите, дуќаните, и сето друго - нему и на неговите браќа Иса-бег и Паша-бег им останало како заедничко наследство”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имаше притоа Мехмед паша постојано при себе и еден стар ферман со султански оловен печат стасан до дедо му, славниот Исхак-бег, кога овој стана заповедник на Скопје: ферманот беше пишуван со рака и зелено мастило, а дојде во футрола од ѓон, со сребрени скопци, и залепена со восок: не само што постојано го препрочитуваше тој ферман, туку и го учеше на памет.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во четата Раде беше назначен за заповедник на извидувачка група, која ќе требаше да се инфилтрира во позадината на непријателот и да го снабдува Штабот на 23от пешачки полк со податоци во врска со движењата на непријателските сили, нивниот состав, големината и многу други нешта битни за успешните воени дејствија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На пристаништето галебите се збрале на купче и еднаш на саат свечено гракнуваат - да ги дослушне оној Посејдон од приказните и да покаже дали е вистински заповедник или измислен лик од приказните за мали и големи деца.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Била изградена во 1475 година како завештание на третиот османски заповедник на градот Скопје Иса-бег.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)