заплуска св.

заплуска (св.)

По него заплускаа и каданите, а Халиле уморена, се истрча и се испружи до него на постелата, клавајќи ја својата мала главичка на неговиот скут.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Заплускуваше како некој со крбли да тураше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Малечките бранчиња на езерото ја заплускуваа карпата на која лежи манастирот и се слушаше нивниот тих одзвук како чукање на часовник, како чукање на срцето од свети Наум.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И езерото зафатено од некоја возбуда, се креваше, се разбрануваше, ја заплускуваше карпата под манастирот и се разлеваше екот како пукање на салви.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Наеднаш од темните облаци заплускаа јадри капки дожд по земјата, удираа по лисјата и ги ронеа; земјата започна да се испарува и да шири мирис на печен костен и леб; мирисот му влијае на Богдан опојно.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)