заплеткан прид.

заплеткан (прид.)

Ѕид - студен и сив како есен; во напукнатиот ќош, среде танки нишки на заплеткана пајажина, се скаменил црн, влакнест пајак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Претпостави. Место него во невидливите жици на мракот е заплеткан отец Симеон.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Смеата на палјачото. Таа последен пат ќе биде повит, црвен и врел, заплеткан на острицата на ножот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
ФЕЗЛИЕВ: Така значи... работата е толку заплеткана што треба и пиштолот да се повика на помош?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тука судбините на луѓето се слеваа и се претопуваа во една единствена, страша заплеткана судбина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И колку повеќе се вгледуваше во черепите што се клештеа заплеткани меѓу ребра и (рбети, зафатени од мувла, сѐ повеќе се убедуваше дека Долгиот има право.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во Арсо се покренуваше жестина да ги изгази овие ломливи и мувлосани остатоци на некогаш високи велможи, понизно послушни пред својот господар, жестоки кон обичните мали луѓе, заплеткани во интриги и измами.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И така само израснуваше тоа во него, грижливо криено и придушувано од неговите рачички, што беа вредни, но веќе и премногу обрастени и заплеткани во коровот на тоа проклетство; се вкоренуваше тоа темелно во него низ сончевите денови на едно цело лето; деновите остануваа лилави и без никаква виделина за ова старче високо на скелињата горе, дури не стаса и до соништата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одеднаш, нешто толку убаво ѝ засветка на сонцето со сите бои на виножитото, што таа се затрча натаму , но нешто страшно се случи: се најде заплеткана во танка прекрасна мрежичка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ама одозгора еднозадруго ми слегуваат некакви заплеткани конци, некои пајажини ми паѓаат вака право, како голема сенка и јас се барам со рацеве и се бранам со рацеве... Ја кинам сенката со нокти и веќе почнувам да викам, не се додржува гласот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Српскиот правопис, кого српскиот јазик успешно го одвои од некогашната руско-славјанска мешавина, ќе им го открие и ќе им го омили на Македонците нивниот роден дијалект и ќе ги отуѓи од тешкиот и заплеткан историски правопис со кој се служат Бугарите и како попроста и поуслогодена работа ќе ги разниша кај народот најдлабоките корени на бугарската пропаганда и на бугарската писменост кои Бугарите ја имаат широко распространето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се таи во најбуното на гората, во еден густеж од дренови дрвја и диви рози заплеткани во бршлен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се спрпелал ко пиле во плева, што се вели, во заплеткани конци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А, газози има, веројатно, само уште на Бит-пазар. За едно големо чудо, дедо мошне вешто се снаоѓаше низ заплетканите улички на Старата чаршија.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Можеби сонувал свои соништа и можеби се чудел како можат толку, до болка, да го стоплуваат секаквите партали во кои како од раѓање да бил заплеткан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ајде да почнеме!“ рече Дејко. „Теоријата е заплеткана. На практика ќе се види.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Овде, без сомневање, ако треба да се расплеткаат сложените односи во кои беа заплеткани Duchamp и неговото семејство, клучниот настан од биографијата не би била, како што произволно тврдат многумина од неговите биографи, неговата вљубеност во сестрата Suzanne, туку тоа што токму во моментот кога ја започнуваше каријерата, кога и самиот беше на пат да стане сликар, го оневозможија неговите сопствени браќа, кои беа, ако смеам да ја направам таа грда игра со зборови, негови апрови (SES PAIRS); тие свечено дојдоа како гласници, со црни одела и вратоврски и му ставија на знаење дека треба да ја повлече својата слика Акт што се симнува по скали.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Заплеткан сум во завоите, двете раце ми се зафатени. Влечам. Стегам. Гровта сѐ уште... Прета...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со тоа светот ја презеде структурата на универзумот на броевите, што изроди заплеткани спознајни проблеми, зашто, како што се покажа кај компјутерите, калкулативното мислење на светот не е само способно да го расчлени (анализира) на неговите составни делови, туку е способно пак да го состави (синтетизира).
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Своевиден излез од лавиринтската заплетканост во сета сложеност на ова прашање наоѓаме во еден запис на Влада Урошевиќ кој датира од 1965 година.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Повеќе