запамети (св.)
Луман, налутен, го удри Мирчета со нога уште еднаш и рече: - Да запаметите како не се давало на Лумана арамијата...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- И запамети, - рече Луман. – Другпат, кога ќе сакаш да куртулиш некого, дај му од џеб, ама мене да не ме молиш.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Сакаше да го запамети местото во кое добродушниот планински човек го спаси од смртта.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Затоа се трудеше да им ги запамети гласовите за да ги разликува по нив и затоа безволно се бореше: „Зошто мене ме прашувате? јас сум лекар, хирург. Мобилизиран сум.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Зошто подобрите времиња се творат, запаметете добро, тие се изградуваат дел по дел.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ќе те испратам да станеш комита. И запамети: отсега имаш само еден родител: организацијата.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Жителите на ова мало азиско крајбрежје затворот го наречуваа со име што не може да се запамети.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Демек... - присторе Србин. - Демек, тоа е да не знаеш кој кога те држи под око и зошто. - Аха, - рече Србин и реши нешто да запамети. - Убаво богами.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Чекај. Не целото. Кој ќе го запамети.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ефрејторот ги стегна забите, но кога сфати дека ништо од она што сега би можел да му направи не ќе го задоволи, реши да го запамети.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Во тие десеттина години одвај на третата да заодиш, да запаметиш тетка ти дури те заплашува со праче и да слушаш кога вели: „кревка му е коската“.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Човек не може да им ги запамети имињата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сѐ не можеше да се запамети...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Е, ќе видиш, Јон, му велам јас на човекот мој, запамети ми го зборот и ќе видиш, му велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И тешко на оној што не ќе си го запамети името и годината на раѓањето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Зашто некои работи остануваат запаметени и за по смртта, рече Дуко Вендија, и зашто староста го расчинува човекот и затоа никој не ја сака, рече и зеде варена пченица од жените коишто раздаваа за душа. За испустената душа од Велика Мегленоска.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Богуле сѐ запаметува и кога утредента му ги кажува на учителот, тој се чуди како Богуле убаво ги научил.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ако не можеш да вратиш, ми вели, обиди се да запаметиш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дали сакаат сѐ да запаметат или не знаат како да се памети?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не заборавај да ме запаметиш, си мислам на Горачинов.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)