запален (прид.)

(Ја клава во устата, ја запалува со својата и му ја подава на Теодос.) Еве, ти куме, завиткана и запалена!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Застана пред мене со стиснати тупаници како да ќе ме нападне, со мака задржувајќи го солзите што му се нафатија по клепките. Ја стискаше со заби долната усна, очите му светкаа, беа однатре запалени.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сум човек потпрен на бела перница гледаше во мене со запалени очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дедот Петко Балето страшен шмеќер е. Го намириса Илка оти е запален за Рожденката, а знае оти и некоја бела меџидија ќе падне, па затоа ја зеде работата не на шега.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Горе, внуче, наполни го пералникот вино, ќе плати поп Петко! — запален викна Пере, а Ѓоре го изнесе спремнатиот пералник со вино.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во меѓувреме на скалите се појави жена му со запалена борина в раце, таму подзастана чувајќи го пламенот од ветерот и кога го смири, ја крена борината над глава да види што станува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се сети на запалените бензиски складови, на високите фонтани, на истрелите во ноќта.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Прочуениот жонглер Август Рцман ви ја претставува својата точка со пет запалени факели, горе, на жица, растегната од крај до крај на големиот циркус „Олимпија“.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Скржавата селска ракија од див плод мириса на тврда земја и носи таговност, празна тага, брзо пијанство. беа наведнати над селска софра, со запалени грла од посна чорба.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се стемнува - тоа го знам зашто низ неколкуте симетрично распоредени прозорци помеѓу драпериите навлегуваат монструозни лилјаци и летаат секогаш подалеку од оние осумнаесет сребрени шандани со запалени свеќи од бел восок.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Старецот се распрашуваше за сѐ, богословот расправаше за сѐ весело наслушнувајќи се самиот себе:војната има сто очи запалени, и сто 'рбети железни, и сто усти гладни и крвави, па оди како стоногалка на нас, а господ светот го заборавил, му завртел грб - црвчиња сте вие, пијаничиња, туѓи жени задевате. Па штом е така, удрете.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Овој излезе напред со сето достоинство на антички жарец, пред олтарот на боговите и ја прифати веќе запалената борина од еден гаваз.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Востаникот-тобџија се наведна со запалена борина над горниот отвор од топчето и, пред да го запали барутот, проговори: - Ајде, братку, покажи си ја силата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Набргу тој изгорува а дрвата не се запалени.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Лесно е да седнеш врз запалена бомба и да го распарчиш своето тело, и валијата да остане, да присуствува на моето Глупаво е! Неподносливо е!понижување!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Запалените зеници се шират, демнејќи го скокањето на зарчето. Ги заморува ова кривуличење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Младиот човек седнал на запалена бомба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еднаш, како запален стог сено, во еден здив, пламна сета сува шумурина на буката и го опфати по целото лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури кога го затвори вратничето на запалената печка му текна дека оние двајца можат сега да мислат и на тоа оти ќе треба да отпатуваат сами во селото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Скока по неа и врз креденецот, и врз запалената печка, па дури за една мува може да се најде обесен и на лустерот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Повеќе