заоди св.

заоди (св.)

Сите букви ги знаеше уште лани, бидејќи неговите врсници заодија уште лани на школо, та тој, кое од дома, од татка му, кое од другарите, научи да чита и смета токму со нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот Ристе веќе си ја знае должноста: — Ами, ете виа побратимите си загубиле некое шилеже, та дојдоа да го бараат во Рожден, белки е заодено со некои нашинцки овци; токо, земи си столче и седни, вали а борината, и така невестата Менка треба да прошета по дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го мина мовчето и заоди по патчето од другата страна на реката.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Уште од своите четиринаесет – петнаесет години заоде овчар на глава и тоа молзничар. Му завидуваа селаните на Трајко Сирмев со добро и умно дете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пак се насмевнаа агаларите, а кадијата заоди внатре во одајата кон стиснатите деца.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Братучедите се свртеа еден кон друг, со накривнати глави се подзагледаа се вртеа сѐ додека не ги слепија рамениците свртени со грбовите кон војниците па заодија така стегнати еден во друг надолу по патот како некогаш кога беа деца.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја изминаа масата, се приближија кон шаторот, заодија натаму па зад шаторот и од другата страна одоколу додека не се најдоа пак кај масата. Ни жива душа не најдоа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го префрлија ѕидот и заодија со дикат, скоро како на прсти.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во тие десеттина години одвај на третата да заодиш, да запаметиш тетка ти дури те заплашува со праче и да слушаш кога вели: „кревка му е коската“.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Попот веднаш заоди на училиште заедно со нас децата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Утредента, по едно изгревање и заодување на крвавата месечина со ископани очи и пукната муцка од слеп судир со планинска цуцулка, се видело: меѓу дрвја и камења биле расфрлени неколку стотици крвави птици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А и добро направив. Со својата посмртна моќ јас в час можев да се најдам среде гробиштата, ама намерно пешки заодив по патот што води кон капелата, таму каде што се подредени продавачите на цвеќе и свеќи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сликан е на истата оваа клупа на која тој сега седи, на денот кога заодел на училиште; на рамото држи шарено торбиче со книги; на капата му се гледа римски број I; облечен е во волнени бечви и антеривче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Распростри ги јорганите бели, бели снегоплатнени, спаси нѐ од модриве ножеви студени, што се зариваат сега кога по нашиов пат штотуку заоди игривото коњче на животот со мед и млеко!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Најпосле тоа задоволство си го приредија за да има на што да се потсетуваат кога ќе зборуваат за заодувањето на Пела на училиште!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Биди благословена Пелагијо што дочека твојата Пеличка да заоди на училиште!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Освен тоа, мајката Перса пред некој ден донесе единичен железен кревет со миндерче само за Пела, рече Не е ред оваа голема мома која ќе заоди на училиште да спие со мајка си! и беше заклучено со денот на заодувањето на училиште таа да спие во своето креветче од месингани цевчиња што светеа како злато.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Заоде кон излезот од панаѓурот, не слушајќи ги довикувањата по себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зафатена од пофтежот да запливам, видов како непромислено заодувам во водата и како веќе е фатен дел од фустанот скоро до колковите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе