занемарлив (прид.)
Што стана со тој обид и, воопшто, какви се шансите тој не баш занемарлив проблем да почне да се решава современо, ефикасно и цивилизирано?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Кога сме кај сметањето, да ви кажам дека во циркусот опсесија ми стана пресметувањето на волуменот на чаши и пехари; ме интересираше колкав е волуменот на еден женски папок, штом толку ѕвезди собира во него, и какво жестоко небесно питие има во папокот на жената при парењето, штом толку жестоко опива тој пијалак, сосема невидлив, занемарлив кога се изразува во единиците за волумен); значи, тие имаа простор, ние дел од него; ние бевме прогонети од големото на малото небо, а нѐ прогонуваа такви како Луција, како Фискултурецот, како подоцна и Земанек; така беше тоа и беше – утешно.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А самото намалување на ригорозноста на казните, како што ќе видиме, не беше воопшто занемарливо.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Дури и кога правата беа намалувани малку по малку, навидум неосетно и незабележливо, кога ќе се набљудува тој процес кумулативно, ќе се увиди дека се работи за далеку од занемарливо намалување на работничките права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)