зандана ж.

зандана (ж.)

Последен шум од занданите молкна, срца се стегат да не заплачат.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Ѕидовиге на занданите темни грозни прикаски шепотат со страв.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Жена му, кучка, го подбуцнуваше. А сега - што стана? Тој в зандани, јас в болница.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Патрокле не дава пари лесно. Којзнае што може да стане во оваа проклета зандана?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зар праведно е Глигор да си ја закопа младоста во оваа зандана? Што сторил тој? Ништо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Проколнато е неговото име надвор од занданата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во Битола занданите се полни. Што да се расправам за нашите маки и жалови...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Дали сам од себе сум заробен, Во сопствена зандана затворен?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
За Македонците, згутавени во беда и неизвесност, по плитарски и каменоѕидни куќи скоро без прозорци или по зандани, едни, а други собрани во секакви војски, иднината е нејасна, повеќе матна и разбуричкана отколку привлечна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го завлекле по зандани, кон мачилиштето на прочуениот пекол Беаз-Куле или кон арапски пустини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од дома ја зеле, од постела, и ја пикнале во најтемната дупка на занданата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Занданите со кои турската влада можела да се пофали ниту оддалеку не биле доволни да ги соберат уапсените Македонци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Заедничките идеали за коишто се бореле, како и истата судбина што ја делеле по турските зандани, придонесувале солидарноста меѓу македонските заточеници, повеќе или помалку да биде редовно присутна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Си измислувал човекот заобиколен пат но за жал сепак не пристигнал кај неа (Кај неговата Катерина). Ни не слутел дека го фатил правецот кој води директно в зандана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со еден збор ним не можам да им наштетам, а мене пак, заради не извршување на граѓанската должност и прикривање на заговори и неодговорно критизирање на власта не може а да не ми следува сѐ она што им претходи на овбинувањата: притвор, ќотек, а може да се случи и попатно поврзување со некое од обвиненијата што тежат неколку месеци зандана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Македонци мои, спасувајќи се од занданите со повикување на римското граѓанство свое, тогаш неумесно ве подучив и не ви кажав сѐ што требаше да ви кажам.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ја грабнаа сирота невеста на правина и ја врлија во темни зандани.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Најпосле царот решил да ообјави во царските зандани, каде што чувал робови заробени во војните, дека секој оној што ќе се нафати да го победи џинот ќе му го подари животот и дека ќе го пушти на слобода.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Испратил гласник до занданите, им ја прочитал објавата на царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Повеќе