замолчи св.

замолчи (св.)

1. Еден Циган без цигулка Еден Циган без Циганка Еден Циган без дружина донеса денеска Замижано над постела тој стегаше раце суви борејќи се со некого заздиван Па наеднаш грабна дизгин невидлив и атот игрив го потера сиот в пот и распеан Но в час коњот се исплаши и се сопна Тој извика на уста со топла пена румена Не го крена коњот сакан Не намести нови жици Под чергата в пламен сета замолча Еден Циган без дружина еден Циган без Циганка еден Циган без цигулка однесоа денеска.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
- Крстане, ти една четврт од веков ја помина во туѓина... Митре замолче.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Аргир замолче. Наежен, гледаше откосо, како сардисан волк, чекајќи да види од каде ќе почне нападот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Аргир ненадејно замолча, се стресна уплашено, како некое страшило да излезе тој момент од ноќта и застана пред него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ване замолча. Што можеше да прави? И така таа вечер Ване не отиде в кино. Виновна беше неговата “тешка болест“.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
ЛУКОВ: Замолчи. Ќе те чуе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: Замолчи. Никој не ти дозволи да зборуваш за таа жена. (По мала пауза.) Ти се молам...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Му дава знак на Методи да замолчи и го отстранува во аголот.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И да замолчат, ако немаат да кажат нешто друго, како што им се вели на децата. Премолчете, едвај.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш добро, - вели баба му и замолчува, а кога Зоки посакува да јаде, чинијата со јадењето таа му ја става на столот и си оди.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мајка му замолче. Трајче заинтересирано праша: - И после?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Учителот се потокми да привика уште нешто: Но замолча.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зад мене некој струже на тенеќе и ми писка в уши. Замавнувам со рака и го замолчувам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Еј, воденичаре! Воденичаре! - викна некој однадвор. Сите замолчеа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Старецот замолчува. Молчиме и ние и гледаме пред себе во жолтата полјанка преку која поминуваат овците и се губат негде зад грмушките од другата страна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Отпрво само се расправаа, докажувајќи ги своите права, потоа замолчаа за да не прозборуваат никогаш повеќе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Потоа мравките замолчаа. Не знаеја што да прават.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Застана за минут наместо, замолча небарем одаваше посмртен почит на паднат херој, а потоа си промрмори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гласот од Профима се претвори во крик, излета надвор, ја грабна секирата и се обиде со неа да ја замолчи Царјанка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тетка Рајна за целото тоа време се обидуваше да ме зазборува за нешто друго, да ми го одвлече вниманието, но гледаше дека не ѝ успева, па и таа замолче.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе