замастен прид.

замастен (прид.)

Кметот го зеде јагнето од прислужникот и го постави среде масата, му мрдна со главата на прислужникот да излезе бидејќи беше сиот замастен во устата од штипкањето на јагнето носејќи го од фурната, и почна сам да го черечи јагнето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но погледнете, какви глупости се вртат во неговиот замастен мозок!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таа треба да му однесе облека да се преоблече зашто тој не може да излезе горе на рудината над езерото во работничката облека во која е облечен, целата замастена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)