замаец (м.)
Уште се кострешам кога ќе ми текне за детето, фрлено под воденичниот цивун, кај што удира водата на замаецот за да го исечат перките, да му го иструпат телото, да не се знае кој го носел дотогаш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Романот започнува со конвенција, со сликата на писателската агонија пред празниот лист хартија, а замаец на новиот ракопис станува моментот кога селото останува без вода заради еден од типичните транзициски ликови, криминалец со политички врски.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На прашањето што мисли за Американците, у поверење ми шепнува: „Брат, сакаш по цел ден на еБај да бараш бомбина, реглер, баланс штангла и замаец?“
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)