залапа (св.)
Двајцата гладни залапале и молчеле.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Па со своите обични раце скина една обична праска и слатко, слатко ја залапа.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Бојан се прибра во сопчето, зеде јаболко, го залапа, па со полна уста се плесна на леглото.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И секое залапување, секое загунѕување, ме води кон родниот крај.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)