закрвавен (прид.)
Кавгаџиите гледаа со закрвавени очи во агентот а тој го збираше челото во густи ситни брчки и држејќи ја раката во задниот џеб на панталоните стегнати во тврди тесни чизми ја клатеше ќелавата глава, тогаш покриена со сламен шешир.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Капнати од умор, раскинати, закрвавени луѓето се натркалаа да спијат.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Татко ѝ, некој мирен опаднат човек, вистински старец, во црна свечена облека и сосема ќелав, веќе се беше напил и можеби поради тоа постојано му течеа солзи од очите, мали, збрчкани, закрвавени.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Се исправа со вџашени образи, со закрвавени очи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Доцна во ноќта, се втурна во куќичката, папсан, со закрвавени очи, и блуејќи, се струполи врз креветот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Го обзеде самосожалување, повредувајќи му ги изморените и закрвавени очи.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Море пострашно – некоја авет со закврвавени очи крив нос и расплетена коса, од селските приказни.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)