закоренет прид.

закоренет (прид.)

Очите му станаа потемни, зениците со стопија и потонаа во минатото, во некој далечен ден длабок закоренет во него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Единствен услов му е да биде добро и редовно хранет и да не го надразни близината на менструалната крв, особено кога дожди, и водата го плакне закорениот отисок од почвата кон прагот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Штом се примолкна до пештерата, засолнета меѓу столетните, извишени, длабоко закоренети храстови и тивко ја репетира пушката,го наслушна испрекинатиот здив на прогонетиот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Најчесто, овде, поразен остануваше народот, со ве­ко­ви закоренет, имајќи ја фаталноста како надрелигија, односно верувањето дека сѐ ќе мине, оти и империите не се вечни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имав навик, веќе тврдо закоренет во мене, - одејќи по тротоарот, секогаш со десната нога да попаѓам на линиите со кои е испресечено циментото.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Да, тоа беше страв, закоренет длабоко во него, роден од нешто што било љубов некогаш, а што е сега станато тврда себичност.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)