заклан прид.
заколе св.

заклан (прид.)

Падна една зима како мртов месец капна една зима како заклан страв Врвот од забите песни не изостри за голите гранки на погледот но пролетта ја наслути и ронливиот мак на тенката усна на детето на устата барање устата глад Капна таа зима како згазен страв Капна една зима како згасен месец
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
А кога жиците ќе прснат, гласот на Паганини ќе молкне како скршен будилник. Не, како заклан петел.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ждрига од пастрма на насилно закланите сиромашки кози.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Постелата беше заклан лебед. Крвавеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Лежат негде закланите трите маслинки, коренот им е длабок; не ѕвонат зад нив есенските дукати на брезите, не мавтаат бели гранки како бели момински раце.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Методи сигурно сега спие како заклан и сосем не му паѓа на ум да се тревожи како тебе - зошто не е разбуден на време.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И ден-денеска некои племиња во Африка закланото месо од добитокот и дивечот го држат цела година нерасипано премачкувајќи го со мед кој не им дава на бактериите да навлезат во него и да го расипат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не мислете се, велам, јас сум одамна заклана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А Мирковиќ не сака заклан. Сите да ги заколиш не ти признава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Под Општината Мицева пак залелека крвта на закланите луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги гледам книгите што расфрлени лежат на масата по полиците и таа слика уште повеќе по полиците и таа слика уште повеќе ме исцрпува. Заспивам веднаш, како заклан.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Таа како заклано пиле се фрлаше на душемето. Проклет да бидам, одвај со вода и шеќерче ја повратија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На Имотот останаа да живеат, под закрила на Началството на Потковицата и на луѓето кои живееја и работеа на Имотот, сираците на закланите Младена и Спасија Акиноски, шест машки деца и четири чупиња.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Најдо Акиноски, кој им беше син на закланите Михаила и Трајанка Акиноски и кој зашто беше посветен од Организацијата и излезен да комитува па остана незаклан, си подигна куќа на североисточните падини на Горник, веднаш над старата Дамческа куќа, над онаа во која, по делењето, останаа да живеат Дамчевци Џаџовци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
При спиење крчеше силно, бревташе како заклан јунец, како вулкан да клокоти.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Таму го видов првото снесено јајце, првата заклана свиња и првото окозено јаре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ами, таткото и синот од село Печково, заклани на нива и оставени в бразда!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Полека глутницата се проретчувала. По шумите гниеле заклани волци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ждрига од пастрма на насилно закланите сиромашни кози.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Жена му на Танаил гледајќи ја од чардакот на куќата, велеше: - Ха, ја намачкала со крв од заклан петел... Зарем не знаеме ние како се прави тоа...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе