заек (м.)
Тогаш бараше со погледот ненаврнати дири од заеци и од друга дивина меѓу стеблата; гледаше кревки букови фиданки, кутнати под снегот; изнаоѓаше парче зеленце во таа еднообразна белина: - притулена смрека, илузија за зеленило пред отворените погледи на засонуваните зајковци, кои ги одбираат своите зимни легла само во смреките, помислуваше, а беше најсреќен кога можеше сосема да заборави на оние двајца влечковци по него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не ќе биде лошо, мислеше сега Змејко, во сите тие денови да си удриме нешто, некој заек, или некоја срна, некоја дива коза можеби, или некој јарец.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Навистина, наше Маре е една од најличните; веројатно ширела убаво чувство додека го јавала белиот коњ - беше рекол еден од селаните заборавајќи ги коментарите што ги изрече час порано во врска со заечката нога. – Таква убавица да клајш на чело на колоната е најголемата пофалба на победата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)