задужбина (ж.)
Ќешке со пушка да бев убиен, мајче, и тамо да бев умрен, во нашите гробишта да бев закопан, за ти, мајко да ми идеш на гробот да ми палиш свеќа и да ми раздаваш задужбина!
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
На својата убава џамија, според едно вакафнаме и според записите на другите задужбини што ги изградил во Скопје, Јахја-паша ѝ го завештал сиот недвижен имот што го поседувал во Румелија, особено во Скопје и во Софија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Султанот Мурат Втори, Татко на султанот Мехмед Освојувачот, ја изградил оваа џамија како своја задужбина.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но - што? И Иса-беговата џамија, подигната од син му, по смртта на Иса-бег на Лебното поле, како негова задужбина, и таа џамија беше убава, изградена од делкан бигор и редици тули: две од куполите ѝ беа покриени со олово, а имаше и трем со столбови врз кои стоеја помали куполи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Султанот Мурат Втори, таткото на султанот Мехмед Освојувачот ја подигнал како своја задужбина.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој, „штедриот и милостивиот Мустафа-бег”, како што стоеше во документот, „пред светлото и чисто шеријатско заседание, го изведе тужениот брат Иса-бег, гордоста меѓу заповедниците, сопственикот на големи знаења, мајданот на милоста, гордоста на државата и верата, и против него кажа дека целата задужбина, имаретот и медресата, и двата амама, селаните и книгите, зградите, нивите и бавчите, дуќаните, и сето друго - нему и на неговите браќа Иса-бег и Паша-бег им останало како заедничко наследство”.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Не беа заоставени и неколку заемки и од областа на аграрно- правните односи како: вакаф, задужбина, имот што припаѓа на некоја џамија, а и црква (од арапски vkif); чифлик, чифликсајбија, чифчија, чифлигар, (од турски çiflik, çifliksahibi, çifçi).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)