задреме св.

задреме (св.)

КУМОТ: (на свирачите). Што сте ми задремале бре вие?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Околу зори Нешка задрема за да се разбуди повесела од вчера, попргава, помила и работна. Тоа ѝ даде сила и волја да работи, да се смее, да пее, да игра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дур возот без починка рони во времето на ритамот монотон вечерва ти си задремала. Не спи, не заспивај, уморена. Колку е тежок тој мир на твоите образи живи кога патуваат шумно сите предмети мртви. Со бакнежот на погледот мој што чука на твоите клепки заклопени ти ги отворам очите сонливи.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Просто, задремале, само мислата е будна: нели ќе заборават сега децата негови да го истимарат коњчето, да ја покријат шталата, да го причестат и најмалото внуче.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пред него беше и шумата, задремана и вовлечена во себе, но ни тоа не можеше да утеши.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тогаш, некаде пред разденување, малку беше сум се подзанесла, ме преварил сонот. Беше сум задремала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така беше сме задремале, сме заспале...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас ќе задремам, а тие свикале: — Земете малку и од ова!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, попот набрзо задрема, и по концептот Дежа Ву, следеше полуција, па каење. Сто години подоцна, истите гаќи ги носеше друг „свет“ човек...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се случило- гласчето задремало. Басот устата му ја затнал, иако тоа уста немало.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Како посилници Дедомразовски, така си вообразиле во своите главчиња, за време на големиот танц не играа, само дежураа, а додека едните го правеа тоа, другите подзадремуваа на санките.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Откако изодев малку по патот, се погледнав и видов дека тие делови од опинците што требаа да бидат оздола, се свртеле опаку, а бидејќи отпрвин се движевме по тревата која беше искосена, немав многу шанси да задремам зашто боцкаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Едо одвај дочека Јани да се тргне од него и тој се засолни во аголот каде што се смести и веднаш задрема. Всушност заспа како клада.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пред влезната врата го стресува снегот од себе и влегува во одајчето со променето лице, најдувајќи ја мајка Перса задремена крај малечката Пелагија. Ѝ се извини на мајка Перса што се задржале толку многу, ѝ рече дека е многу уморена и дека каснала со Чана кај Танаско и сега не е гладна, туку дека е гладна само за сон, па така не мораше да објаснува зошто се врати со стемнето лице.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се надеваше дека Горда, кога ќе задреме, ќе попушти во својот стисок.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Лут на себеси дека задремал најаден и напиен, што можеби го потсетуваше на татко му од кого сакаше да се разликува барем во по нешто, Живко се размрда не само расонет туку и отрезнет, па дури и си ги протри дланките од претстојното задоволство откако си ја избриша дремката од лицето: - Ако ја преспавме Битола, нема да го преспиеме Прилеп.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Чичко Томе тоа го правеше усно и со тоа се задоволуваше - штом ќе се изнавикаше, одеднаш ќе клапнеше и ќе задремеше седејќи, совладан од черешновицата на Верга.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Е, ама баш тогаш, маната на Бајко што не беше мана, туку некоја чудна среќа, туку почна да се разбудува божем дотогаш задреман.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Завиткан во бело, тој личеше на некој ангел задреман на полпат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ја беше наведнал главата и чекаше. Ама, кога ја крена, виде дека игуменот се откажал од тоа и сега беше задреман врз една од тешките манастирски книги, што ја држеше на колената, Се тргна, ја затвори книгата и ја баци.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе