задоволувачки (прид.)
КИРИЛИЧНО ПИСМО Словенското писмо пред Кирил Во врска со настанокот и развитокот на словенските системи на писмо постои цела низа на прашања, кои не се решени потполно или на задоволувачки начин.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Не беше задоволувачко решение ни одржувањето на сиромаштијата на масите преку ограничување на производството на стоки за широка потрошувачка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И, бидејќи не се може да се контролираат работите до мерка која се чини задоволувачка, се утешуваш дека можеби токму низ непредвидливото и низ недофатливото, се раѓаат богатите и сложени склопови кои најпосле и самиот тебе ќе те задоволат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Малите работи, можат да направат големи разлики и длабоко задоволувачки промени во животот на луѓето но и во светот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)