загради св.
заграда ж.

загради (св.)

Скокна од леглото и ги прибра сите предмети од својата собичка, со кои сега ја загради наоколу целата печка, така за неговиот гостин да не може никако да пристапи до неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури и со плашило ги заградил амбарите за да не можат да клукаат пилињата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го заградивме со чантата, врзувајќи го за рачката.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се втурнаа во општината и зафатија да се растрчуваат низ неа: распослаа по одаите сламишта и ќебиња, наместија во дворот казани за готвење и ја заградија чешмата со лонци и котли.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Господе, ќе го покријат сонцево, ќе го заградат, велам и примижувам, застанувам меѓу огништата од гравот, од пченката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ако го заградат, ќе изгорат, ми вели Јон, оти нема плот што не ќе го прескокне сонцето, ми вели. 57
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Децата го заградија и го гледаат во очите, во рацете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само далеку некаде имаше една слободна, една голема вода што не можеше да се загради со никаков ѕид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Со никаква наредба не можеа срцата да ни ги разделат, очите да ни ги заградат да не се намигаат, мислите да не разговараат, срцето да не го слуша гласот на Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, сѐ беше заградено со ѕид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ми го заградија патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да ги заградил некој ѕид и кон никаде не ги попушта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си збирам грутки, укрупи, што велеше мајка, ми се заградува овдека вака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Слушнав - рекла рибата, дека ќе ја заградат рекава со голема брана и дека од неа ќе направат езеро.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Прво таа како да ме праша дали ќе ѝ го направам тој себап , а потем јас како да ја прашав дали сака и уште што немав почнато да пречекорам во таа сауна за која веќе имав платен билет кога таа се созеде, со рацете се фати за блузата, заградувајќи се и се исправи во постелата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Еднаш една мачка ја збрка меѓу куќата од Богдан и плевната и ѝ го загради тесниот простор меѓу двата ѕида да не може да излезе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Добра се пофали дека мажот ѝ заградил убаво местенце горе на плочата, бил и во градот, ама само до некаде, односно до каде што одела право улицата отаде насипот и кога почнала да се крши лево и десно и да се меша со други, си ја свртил муцката и право надолу, гледајќи да не му се скрие оџакот на фабриката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Излегуваше, така дека Писмородецот си заградил дел од светот што го создал Господ и рекол: еве, со ова ќе живеете, и ништо друго за што јас не сум родил буква веќе не постои.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во една голема книга, што сега стои на масата заедно со куп други, и кои ја имаат заградено мојата машина за пишување, а со неа и мене, прочитав: „Зар мислите дека човек ќе го постигне она што го сака?“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Појдовме кај Пена на Танаско да призниме како се имаат сместено и снегот нè начека на сред плоштад и како што паѓа пороен дожд, така се истури одеднаш снегот. Ѝ кажа дека додека стигнале пред Фестивална снегот нагнетил скоро две педи, а и тоа дека одвај ја пронашле Пена на Танаско оти котарче си заградиле меѓу два ѕида од надворешната страна на Фестивална.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Повеќе