заговор (м.)
Тие ја намирисаа неговата намера за српското мухамеданско царство, та му припишаа и намера дека тој сака да стане цар на тоа царство, па организираа заговор против него и на 11-X-1579 година тој беше убиен на ѕверски начин.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Таа избледена светлина на прозорецот како да го испаруваше и уплашено чезнеше од разбеснетите зборови и од мрачниот заговор на сенките што се диплеа околу неподвижното тело на Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нагонска жедност да остане, да се спаси, сѐ повеќе го возбудува, полнејќи ја неговата свест со плашење не сосема одредено, желба да го разбие заговорот сам, сам да ја забоде камата во утробата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И така беше го поминал целиот бел свет, оној старец, оној бригадирот Језекил, сиот бел свет, кон кого имал толку малечки барања онаа првата утрина, кога заминувал првопратено; со една тајфа тој отиде дури и во Канада, но ни онаа, другата страна отаде Океанот не сакала ни да чуе да биде малку подарежлива спрема него, и сега веќе не постоеше нидно место на светот, кое што не беше запознато со тој заговор: на она ситно човече од мајсторските тајфи да не му даде ништо повеќе само толку колку што му беше најнеопходно, не водејќи сметка за неговите крвави соништа барем еднаш да може малку подолго да здивне, барем еднаш малку да подзаборави на својата тешка копанка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Помислив како трговецот им се потсмеваше на надмените христијански господари на кои, трошејќи ја умешноста на облекување, чешлање и правење заговори на хиподромот меѓу две трки, не им паѓаше на ум барем да се потсетат на својот народ.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сега се прашуваа, сакаа да разберат што ги поврзало татка и Чанга? Каков ли заговор коваат?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми и Чанга собираа докази и за вредноста, за полезноста на козите во историјата и во сегашноста, особено во сегашноста, свесни за големиот заговор што се подготвуваше против козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мотивите нараснаа во јасни опсесии: водата и давењето, птици, катастрофи од историјата на природата, тајни заговори.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
„Да се биде“ и кога „никој не ме гледа“ е местото на светотот прибежиште во кое поетот го „кове“ заговорот кон своите ненапишани песни.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Дали се работеше за заговор да се умртви душата на народот, односно разобличи неговиот идентитет, од некоја друга над Централа, на која слепо и немо му беше подредена овдешната под Централа, која сега по излегувањето од прегратката „на големиот брат”, се гушеше од самата себе.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тие признаа дека шпионирале за непријателот (и тогаш, како и сега, непријател беше Евразија), дека проневериле државни пари, дека убиле разни доверливи партиски членови, дека правеле заговор против водството на Големиот Брат, што почнало долго пред да се случи Револуцијата, признаа акти на саботажа кои ја предизвикале смртта на стотици илјади луѓе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таму некаде во светот, тој беше сè уште жив и ги котеше своите заговори; можеби некаде зад морето, под заштита на неговите странски господари, можеби дури - така се зборуваше повремено - на некое скришно место во самата Океанија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„А заговорот... организацијата? Постои ли и таа?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но, да се разбереме, вашето вчерашно пледоаје, за некој друг суд, во оваа иста земја, како и секаде каде што се протегаат новите христијански граници на комунизмот, би можело да биде протолкувано и како обид за исламско-отомански заговор, како носталгија по отоманското царство, скриен обид за негово реставрирање.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Речиси сите историски аргументи одат во прилог на мислењето дека иницијативата на Гарванов за свикување на Солунскиот конгрес во јануари 1903 година и решението на претстојната пролет да се дигне општо востание биле голем заговор против македонското националноослободително движење.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Стихот ме окова за себеси навестува непишан и невидлив заговор против Бог - господ, зашто, ете, се случило нешто без тој да можел да го спречи?
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Со еден збор ним не можам да им наштетам, а мене пак, заради не извршување на граѓанската должност и прикривање на заговори и неодговорно критизирање на власта не може а да не ми следува сѐ она што им претходи на овбинувањата: притвор, ќотек, а може да се случи и попатно поврзување со некое од обвиненијата што тежат неколку месеци зандана.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И понатаму Грофот ја користеше тупаницата и бирото. – Со оној твој исказ алудираше значи на тоа: дека постои заговор или манипулации во врска со твојата личност. И вистински мислиш дека е така?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Го нишаше предавството во корен, и клеветата, заговорот, та секој еден што ќе се обидеше да посегне по него беше погубен!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Му укажав на Кожинката за можните компликации. Ги спомнав имињата на учесниците во можниов заговор.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)