заглиби (св.)
— Аха! Виа побратими пак заглибиа! — почна да се чуди и тревожи Толе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се лизгаат и му заглибуваат во снегот и во земјата, слушаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Првин до глуждови заглибувам, па до колена, а потоа пропаѓам, како во жив песок.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ама со време, отрпнуваш. Оти си смешан со калта, заглибан, завеан.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас сум веќе заглавен, ми вели, до гуша сум заглибен. Зар го заборави писмото за брак?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А над нив блеска големо око, позлатен жолток од џиновско јајце; удира дожд: веќе нема луѓе и нема живот, сонцето се гасне, утре ќе е парче прегорен јаглен во темница без волчи завивања и без љубовни воздишки во која заглибила лагата на верувањето.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Бев многу депресивен, би можело да се рече очаен, ушто повеќе, се чувствував како да сум заглибен во дупка со катран.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Бидејќи јас бев на почетокот на обидот, можете да замислите колку бев осамен и очаен заглибен во многуноќна глувотија, загубеност и безнадежност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се обидуваше несреќникот да се измолкне од ѓолчето, (меѓувреме сигурно беше разбрал дека Кире е префрлен во кадровското на Републиката), од она обично ѓолче со плитка вода а всушност сѐ повеќе заглибуваше во една прилично длабока локва со кал.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ова ме заглиби во уште потешки неволји.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)