загатлив (прид.)
Всушност, тоа јас раснев - загатлив како сказна.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Темни се и загатливи како судбина. Како некој да ја корне од челичните зглобови, тешката врата се отвора зад мене со крцкот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ми се внесе в лице, беше млад и загатлив признак.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Потоа ја вадев сликата од под откованите штици на подот и со часови ја гледав: татковски насмевнато лице со неколку дупченца од сипаница, благост и мудрост во очите, пророчки брчки што само се претчувствуваат на загатливото чело.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Останав да стојам без движење и без сили да се соочам со тајната што можела да му биде позната на некој веќе покоен чиј живот можел да има значење токму заради она што било и што е во него; куп безвредни книжни пари со восочен лик на некој монарх, записи и стари писма, чеиз и неразделиплен невестински фустан, секира на злосторство, фајанс, сребро, часовник со мртво време во механизмот, некаков пергамент, ферман акт на судбина, библија под черупка за клетва на непознати заговорници, ограбени тасови и кандила од наш западен манстир, суво ерусалимско свето дрвце, зографски платна, книги, алати, ископано, камено торзо од Стоби, шандани, присокриено брашно во некоја гладна година, мошти на лажен светец, трговски тефтери, бројници, ретки ткаенини, поскурници и дрвени распетија, беговски појас под јатаган, билје, мелеми, збирка на инсекти, коски, гниеж и претчувства, една невидена и невидлива магија, но таа, во допир со живиот свет, ќе го изгуби значењето и ќе не осиромаши за една загатливост.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Со таков извик, мошне загатлив, ќе е крајот на осаменикот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И во тој последен час на денот, во тој брз заод на замагленото сонце, игуменијата со малку потемни сенки во очите, непроменливо загатлива и стара каква што можела да биде пред десет години или каква што ќе можела да биде по десет години, кренала рака за удар или за благослов.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Болниот, на свој начин среќен што најпосле се сетиле и на него, со надеж ја издолжил шијата. Го заборавиле, сега е ноќна загатливост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сите човечки извици на страв и на гнев, онаа животинска гласност пред која и побеснет ѕвер ќе ја свие опашката, се слеале во продолжен крик што го преплавувал боиштето со сила на бескрајна и густа вода под која ќе останат загатливости на човечкото ништење, како и секогаш кога тој човек се борел и колел и бил уништуван заради поголемо парче земја за да гние потоа на најмал простор под крст или под исправен камен со изрезбана чалма на врвот, под чалмата со железо ископана мудрост на Коранот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стоевме под натписот, бедни, мали, ништожни и гледавме во чудните, неразбирливи знаци над нас. Филозофот се насмевнуваше спокојно, загатливо.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)