завршеток (м.)
Но, сите овие новоградби, грандиозни и модерни, по завршетокот на Изложбата ќе бидат разурнати, а на нивни место ќе се појави одново парк. Такво било барањето на Белгијанците.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Алгичниот осет се восприема преку рецепторите за болка на сензибилните нервни завршетоци.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Во хрониките што се чуваат во библиотеката на неговата синагога, во долгите ноќи откако беше поставен за нејзин рабин, Елеазар бен Цви читаше дека по завршетокот на Првата светска војна во 1918 година, двата балкански града им припаѓаат на две различни држави: Салоник на Грција, а Битола на новата држава Југославија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тажни или среќни завршетоците, навидум клише, па сепак, така е и во реалноста.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)