заврати св.

заврати (св.)

Лазор Ночески ми вели да му ги држам нозете кај копитата, а тој му ја свртува главата, му ја завраќа наназад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зад нас Чако прилајува и го завраќа телето, го тера да не заостане.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По нас клинка и Чако, ќе се заврати по некоја гуштерица, ќе ја збрка и пак иди по нас. 151
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама, наеднаш и коњот почнува да ми се завраќа и да не оди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред нив се дават кучиња. 'Ржат, подојдуваат и се завраќаат со окрвавени муцки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не ме боли, велам, а очите ми се завраќаат, пот и солзи ми се полнат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Станаа обајцата и се упатија кон јагнињата. Ги завратија.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И додека таа безуспешно се бранеше и испушташе грлени гласови, тој со сета сила навалуваше на неа, завраќајќи ѝ го фустанот што таа го туркаше со рацете надолу, ја труцкаше, а во тоа имаше и бес и освета за сето она што таа му го чинеше од неговото доаѓање во Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Па стана, ги подвитка ногавиците до над колена, ги метна патиките во ретката трева меѓу камењата, и одејќи кон водата ги заврати ракавите до над лактовите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)