завеан (прид.)
Ама не веруам толку брго и да крши глава — да се мажи ... Не ми кажа, лебати, кој е тој толку завеан шо те пратил да и киниш пинците дури овде?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Што призива оваа завеана трага, оваа пепел, Оваа прошетка низ камењар, низ суво билје, Што сака да каже овој јагленосан знак?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И додека ги минувавме овие заснежени и замрзнати патишта, на ум ми идеше онаа наша поговорка - Пред Божиќ ... и си велев - нели ќе беше подобро да се седи дома, отколку да се талка по овие завеани европски патишта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кога ќе се разденеше, во снегот наоѓавме завеани зајаци и лисици, еребици и срни и разни други живинчиња. Маче до куче.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Седиме ко завеани во снегот, во самракот. Меѓу гропчињата од Роса и од Ангелета.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го убија стрика Анѓела, на правдина, се провикнува наеднаш и наеднаш замолчува, ги гледа луѓето измрзнати, лути и завеани, и сам изѕемнат, лут и сиот завеан со снег и се двоуми дали да продолжи да зборува и да им го каже тоа што го има на душата, што му е, што му тежи на срцето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Одиме и паѓаме во завеаните дупки, до гуша пропаѓаме во снегот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не дека тој нешто поубав, ама дека така завеана.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)