забули (св.)
Ќе те турчи!... Верата ќе ти ја мени!... Во харем ќе те затвори и ќе те забули!... Каде полошо од тоа!...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Може да е пребеган во Албанија, вели некој, а може да се крие забулен меѓу жените.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Беше речиси дете, голуждраво и слабо, и сѐ уште не беше забулена.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)