забради (св.)
- Нека се облече во фустан и нека се забради.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И некој силен пламен ми се накрена. Ми го забра, ми го забради лицето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Црна наметка облекла и црна забратка забрадила.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Во првиот миг сакаше да се врати, ама се поколеба во намерата, забради црна шамија и со срцето стегнато во грутка, појде дома со наведната глава.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Зема здив, ја брише потта од челото, потоа од лицето и одново се забрадува со црната шамија.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)