забраден прид.

забраден (прид.)

- Прашувам, ја ниша старицата забрадената глава. - Од нив сум. Нѐ бараш?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Крцна вратата. Пред него стоеше висок човек, забраден во бел турбан.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не беше забрадена во шамијата, туку преку глава ја имаше врзано, поднакривнато малку. Не е лошо тоа...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, ми беше чудно, зошто сите носеа пластични кациги на главите и зашто беа забрадени до носот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пред неа одеа три божји крста, а зад неа гологлави мажи и забрадени жени во црни шамии.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со нем поглед и со симнати црни шамии се збогуваат со оние што одат на бој, а потоа толпата, забрадена со црни шамии, се разбранува и полека кинисува удолу.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ако погледнеш од горе, гледаш само црневица од забрадени, бабуњосани, свиткани и стуткани сенки како врват со наведнати глави и со одвај видлив чекор, една до друга покрај казаните и, без да погледнат во чинијата, во војничката наполу ‘рѓосана порција, во бакарното котленце, во исчаденото тенџерче, во лименката од празна конзерва, тргнуваат со уште порастреперен чекор кон своите рогозини во старите италијански коњушници во кои никој не успеа да го сотре мирисот на коњската моч.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А забрадената жена продолжи: - Удри со ногата на врата, се исправи некако чудно, ме погледна, замолча долго, а потоа на нашински рече: „Мајче, крај гробиштата има многу убиени“.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Забрадената старица имаше глас на осумнаесетогодишно девојче!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Нема ништо живо, освен селската чешма и две старици, забрадени со црни шамии до очите и наведнати над водата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сликата е направена рано наутро; сонцето тукушто е изгреано; расцутените костени фрлаат сенка на патот кон полето; мајка му во едната рака држи срп, а во другата го држи Богдана за рака; таа е облечена во вет забан, ветва кошула и опинци на нозете; забрадена е со марама; лицето ѝ е предвремено овенато, ожебавено, со модри траги што времето и животот ги оставиле; очите без сјај, без радост; устата збигорена, без насмевка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Јајчестото огледалце налик на детско главче, забрадено со изрезбарена косичка од ореово дрво, одговори: ГОСПОДАРУ САКАН, ТАМУ ЗАД ПРАЗНАВА ТОЧКА, Е ОНА ШТО ВЕКУМ ГО САКАШ И ТЕ САКА.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Таму застанаа некаде, меѓу некои обраснати ѕидишта, офицерите се сретнаа со други офицери после што војниците направија обрач околу зелената ограда на некоја неголемка ливада сред која беа наседнати и некако забиени еден во друг цела толпа од околу сто и педесет мажи од најмали до најстари, немоќни старци со кечиња, забрадени или небричени, со испиени лица како да гладуваат, со пропаднати очи и со веднати глави и замислени лица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Последната синтагма, „забрадена темница“ е еден од најубавите поетски примери од книгата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Капата како да покриваше забрадена темнина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како низ лут чад што штипе во очите, пред поткосените коленици му се прелеваа една во друга некои сцени препознатливи, а далечни: замрсено клопче од отуѓени луѓе со забавени движења што плетка нешто во безгласна кавга каде да се легне мртовецот - дали да остане на троседот или да се испружи на масичето со висната глава и подвиткани колена додека да дојде нарачаниот ковчег; помалиот син, Гоце, кого не можат да го одвојат од постариот и кој не само што му ја стиска туку и му ја тресе раката, постојано повторувајќи „бате, бате” во пуста надеж дека некако ќе го разбуди; жена му, не помирена ами умртвена од смирувачките средства, веќе забрадена во црна шамија, одеднаш остарена, преполовена и смалена, стопена како грутка снеговна на дланка, со прачки од раце во празниот скут; свеќата што гори над дамкосаното чело на Нако, што станува восочно до проѕирност; миризбата од козметиката на снаата, нешто меѓу темјан и колофониум; мувла од пештерска црква, а сè во мансарда од новоградба; испиени лица на светци од икони а само смртни грешници со подуени модрини под очите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Вотната во партизанските пантолони на Димостена и забрадена во една ветва шамија копаше дупки по падините на Водно, и така облечена со тезгере влечеше малтер до најгорниот кат на егејската зграда, само сега не мора така да се облекува, убаво ѝ стојат било какви фустани.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
По ковчегот со телото на покојникот, одеа Влаинката, забрадена во црна шамија, стариот Тајко и Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Сполај ти, господе!“ - рече една забрадена жена со бовча и се прекрсти.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе