забавен (прид.)
Тонам во магла и имам забавени движења.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кочан сум целата, што се вели, одам со забавени движења небаре потскусена во нозете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На платното ништо не се случуваше. Постојано нешто разговараа, никој со никого не се степа, никој не направи ништо смешно, филмот не беше ни малку страшен, ниту пак забавен.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
За мене овие навестувања на промени се депримирачки, но едновремено забавни - во најмала мера за да се спекулира околу нив.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Јас веќе почнав да го вежбам тројното салто на палачинката, го вклучив засилувачот да се загрее и го подготвив твојот омилен репертоар на стари, забавни, македонски, најубави...
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Талкаше некое време низ логорот во потрага по кафе и по доручекот дојде до една од оние нагли одлуки кои подоцна се забавни за разгледување.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Пресекот на телевизиските производи се движи од извонредно реалистички, што снимателите ги создаваат целиот свој живот, до наједноставните наменско изрежирани забавни емисии, што се проткаени со вештачка искреност и карикирана стварност.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
На крајот на филмот има една забавна секвенца.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Дури тогаш неговите најблиски соработници, Пајо Ентропија и Даркер, забележуваат дека работите вечерва не се ни толку забавни ни едноставни, и бргу (веќе задоцнети!) ја испразнуваат салата.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
За три до пет години ќе бидете во можност да ја пробате виртуелната реалност, на подобрите универзитети, во спектакуларните забавни паркови за кои сепак мислам дека нема да бидат вредни труд...
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Освен тоа, вие сте деца на 60-тите и на 90-тите. Во вас е всадено да сакате мирољубив, толерантен, забавен свет.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кога отприлика имав дванаесет години, јас накусо бев изгубен во забавниот парк и четвртина век подоцна во тоа загубување јас пронајдов една приказна, која, меѓутоа, на никаков начин не е роман а кле.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Малите деца сега мошне умесно учат да си ги имитираат родителите, и ако не им се попречува таа пријатна вежба, со текот на времето може да се очекува од тоа дете да израсне забавен за општеството млад човек; таквите деца обично имаат нестрашлив дух и на петнаесет години веќе се во состојба да си го претепаат таткото или да го протераат од дома.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Имало балони и знаменца, забавни шапки, роденденски торти со чоколаден шлаг и нејзиното име напишано со неонска розе боја.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Освен што е вџашувачки неписмен и преполн со коректорски грешки, текстот изобилува со речиси поттикнувачки небулози и дисоцираност, со што се квалификува, меѓу другото, и за забавно четиво (да цитираме пар „антологиски бисери“: „изнедрени од сопствените пазуви“; „судбинска неотуѓивост на право за мирно и макроко-смичко диспанзивна субвенција“; „апогејно-високодострелна нивелација“; „историјата е небеневолетна /веројатно „небеневолентна“, наша заб./ и согласна за слични примати историски отспаки /веројатно „отстапки“, н.з., но небулозноста, сеедно, фура/; „дрво кое со тек на времето прераснува во еднотелесна интегрална шума од бројни коридорни стебла“ итн.).
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Делез зборува за уморното, старо, забавено тело, тело што ја откажува послушноста, како единствена адекватна филмска репрезентација на тело (пример за тоа е протагонистот на филмот Париз-Тексас).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Винстон погледна низ ливадата зад грмушките и доживеа необичен, забавен шок на препознавање.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Јас бев неодамна вратена од Лондон, и таму со Ивана цел еден ден, од утро до вечер, поминавме во еден забавен парк полн со најлудите и најстрашните тобогани, возови, лулашки и разни други чуда, што ни во Евродизниленд во Париз ги немаше, па рингишпилот не ми беше никаков предизвик.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
14 Започна запишувањето на зимување во Детското одмаралиште кај Берово: цена 3500 денари - а во аранжманот се внесени следниве услуги: превоз со автобус од Скопје до објектот и обратно, седум полни пансиони со четири оброци, здравствена заштита , организиран културно -забавен и рекреативен -спортски живот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- Настапија компликации, неминовни во периодот на транзиција - транзиција... трансформација... дестабилизација... приватизација... изговара Влатко со забавено пулсирање... мислата се кине, концентрацијата попушта, се завиткува во некаков бел превез, нема сила да му се спротистави на сонот, му се предава без отпор - сонот е смирувачки, благотворен, мирислив, мек - небаре е скутот на баба Мирјана...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)