жуберка (несв.)
Ќе им фрлам малку сено да жуберкаат, вели, а утре ќе ги товариме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Со благост на човек меѓу коњи и со коњи израснат, со наслада наслушувајќи го жуберкањето на чешмата, Татарот го одвлекол белиот Лебед кон коритото.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не дозволувајте да ве заведе прошетката низ примамливото зеленило и жуберкањето на потокот со глас на девица што слегува по камењата.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Од лево одеше испресечен дол и по него жуберкаше матно рекче.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)