жлезда (ж.)
Значи, заклучуваше, тајната е во половата жлезда.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
XXIX Свинската чума одново се јави во селото, зафати да се шири, и од свињите да се пренесува на луѓето: започнаа луѓето нагло да умираат; секој ден се огласуваше камбаната, секој ден имаше погреб; заразата се ширеше од еден на друг: ги зафаќаше луѓето силна треска, висока температура, огница, паѓаа во бунило, им се воспалуваа дробовите, им се надуваа очите, по кожата им се нафрлуваа темни дамки, бубулки, кои расцутуваа во гној и се распаѓаа; им се воспалуваше грлото, кашлаа непрекидно и длабоко како да рикаа корнејќи ја утробата; им отекнуваа жлездите под пазувите и на вратот и не можеа да се помрднат; жлездите им загнојуваа, им ја труеја крвта и умираа во тешки маки.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Плукнал. Од жлездите му се цедел сок на лутина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пуштаат стомаци избегнувајќи ги скалите, јадат смрдливи сендвичи, пушат цигари, се муртат земајќи воздух при укањето на нечии нееманципирани потни жлезди.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Ова е пропратено со голема жлезда кај ципата од што не можам ни да одам.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)