живне св.

живне (св.)

Но откако дојдовте вие, деца – живна малку тој и во очите му светна нешто топло – голема надеж ни ја огреа душата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И во тажно чадливата пустош се отиснуваа сцени, живнуваа ликови болно јасни и од тоа го болеше главата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Тука сме! - живна Долгиот. Арсо мижеше и врз свиените клепки му напираше белина што, како да навлегуваше во неговото капнато од умор тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Тато, а се сеќаваш ли на една песничка? - наеднаш живнува Билјана. - На која? - прашувам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Чакарвелика како да живна. Се разоди низ анот и по дворот, самата за работа се фати, децата како аргати ги хранеше со појадок, со ручок, со ужина и со вечера ги гостеше од она што го имаше или некаде го наоѓаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Народот веќе живна, се накрена, се поткрепи. 91
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Разговорот во колата живна.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Чекавме да живне реката со своите бујни води, од стопените снегови на планинските врвови и падини, да разлистат врбјаците на бреговите на реката, да ги водиме козите на пасење.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со пролетта со топењето на снеговите, со живнувањето на природата, и луѓето стануваа посмели, пока­те­горични, поиницијативни, се разбира, колку што овозможуваше партијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние децата живнавме. Братот партиец, охрабрен од претходната пофалба на шефот, прв одговори: – Балканска! – Балканскааа! – запишуваше шефот. – Немаат козите националност.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Летово пак ни живна мочуриштево. Тактиката на вилинско коњче против монструозно намножените жаби слабо успева.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога ќе ги тргнете боцките, облечете чиста облека, каснете или напијте се нешто, тогаш повторно живнете.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кралството живна. Луѓето толку се заморија од лагата, што само штом им дозволија, сите започнаа во ист глас да ја зборуваат вистината. Започнаа, а не можат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Провокаторите од блиската маса живнаа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во кафеаната завладеа тишина. Четворицата од блиската маса живнаа во очекување нова тура гроздова ракија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа живна, се сврте да го погледне уште еднаш Винстон и изгледа дека веднаш ѝ се бендиса.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Митра живна, се промени во лицето, одеднаш ѝ стана меко и топло.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Одделението живнува. Децата се раздвижуваат.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Најпрвин по малку, од жештинава се ошеметени, а откако ќе се соземат добиваат втора порција, па листенцата се поткреваат, цветовите живнуваат, жолти - како мали сонца.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кога му кажав на Татко дека ќе патувам во Франција, во Париз, со нашиот Балкан-експрес, тој вистински живна, излезе од летаргијата на читањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе